16 септември 2022
Превентивна активност на ОВР Крива Паланка
На 15.09.2022 полициски службеници од ОВР Крива Паланка реализираа превентивна активност во Здружението на пензионери во Крива Паланка.
На пензионерите им било укажано да бидат внимателни при контакт со непознати лица кои најчесто им нудат огревни дрва и ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти и потоа ги наведуваат да им ги платат дрвата под изговор дека камионот со дрва е во близина и дека дрвата ќе им бидат донесени, ги земаат парите и заминуваат. Исто така, им било укажано да не се даваат пари на непроверени клиенти и соработници само врз основа на телефонска комуникација. Сите сомнителни случаи граѓаните може да ги пријават на 192.