Во текот на оваа недела (од 12.09. до денеска) СВР Битола преку Отсекот за превенција, потоа криминалистичка полиција, како и полициските станици и одделенија при СВР Битола на подрачјето на сите ОВР-а (Ресен, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод) реализираше низа превентивни активности и средби со претставници на ловечките друштва и здруженија од подрачјето на овој Сектор за внатрешни работи.
Притоа во фокусот на активностите беа Законот за ловство и Кривичниот закон, а од аспект на прописите и правилата до кои што треба да се придржуваат ловџиите во текот на ловната сезона.
Исто така на средбите особено внимание беше посветено и на Законот за оружје, негово доследно применување и почитување, а во тој контекст и за одредбите од Кривичниот закон кои што повлекуваат одговорности при непочитување, невнимавање, односно занемарување на нормите пропишани во Законот за оружје.