16 септември 2022

Превентивна активност на СВР Скопје на подрачје на Гази Баба


Денеска (16.09.) во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, од страна на полициски службеници од Одделението за превенција беше одржана работилница за рано детектирање на негативни појави во училиштата, како “мобинг“ , “булинг“, појава на зависности од дроги и психотропни супстанци или други девијантни однесувања.

Целта на реализација на оваа работилница е подобра соработка и комуникација со децата и наставничкиот и раководен кадар во училиштата, како и поефикасно детектирање на можности од негативни појави во одредени училишни средини.