Денеска (14.09.) на наплатната рампа кај село Кадрифаково, полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип, во соработка со РСБСП, реализираа превентивни активности од кампањата „Вози одморен“.
За време на активностите во непосредни разговори со возачите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и на потребата да се прават паузи при подолго возење бидејќи заморот е една од главните причини за сообраќајни несреќи. На возачите им беше делен и соодветен печатен материјал со едукативна содржина, како и шишиња со вода.
Целта на кампањата е да се подигне свеста на возачите за почитување на сообраќајните правила и прописи и безбедно учество во сообраќајот.