14 септември 2022

Превентивна активност на РЦ за ГР Исток


На 13.09.2022 од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Исток, на подрачјето на ПС за ГП и ГН Делчево во с. Габрово, општина Делчево, спроведена е превентивна активност со граѓаните за превенција од ширење на африканската чума кај свињите.Активноста е спроведена во соработка со овластен ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство ПЕ -Делчево.

Присутните граѓани од страна на овластениот ветеринарен инспектор од АХВ, беа запознаени со мерките кои ги презема Агенцијата за храна и ветеринарство во врска со појавата,ширењето и опасностите од заразната болест африканска чума кај свињите. Тој, исто така, даде појаснувања за начинот на вршење на санитарен отстрел на дивата свиња, на пријавувањето на отстреланиот дивеч, земањето мостри и уништувањето на заразениот отстрелан дивеч.

Од страна на полициските службеници присутните граѓани беа запознаени со законските одредби од Законот за гранична контрола, Законот за ловство и Законот за оружјето, кои се однесуваат на законските обврски кои треба да ги применуваат ловните друштва и ловџиите, со самото отпочнување на санитарниот отстрел на дивата свиња.