14 септември 2022

Превентивна активност на ОВР Свети Николе

Денеска (14.09.) во рамки на превентивните активности на СВР Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе, во период од 10.00 до 12.00 реализираа превентивна активност во централното градско подрачје на Свети Николе, насочена кон поголема безбедност во сообраќајот.

Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, особено во делот на правилното паркирање за да не се загрозува безбедноста на пешаците, особено децата и учениците. Во текот на превентивната активност беа поделени и летоци со едукативна содржина во насока на совесно и одговорно однесување во сообраќајот.