14 септември 2022

Превентивна активност на СВР Тетово

Во рамките на планираните превентивни активности кои се однесуваат на започнувањето на новата учебна година, денеска (14.09.) полициски службеници од СВР Тетово-Отсек за превенција остварија работна средба со надлежните во Секторот за образование при општина Гостивар. На средбата тие презентираа дел од активностите за полициско превентивно работење во функција на спречување на евентуални нарушувања на јавниот ред и мир околу училиштата, на автобуските постојки итн.

На средбата, исто така, беше договорено да се остваруваат почести средби, пред се со директорите на училиштата во делот на препознавање, односно идентификување и информирање за потенцијални безбедносни проблеми, идни можни девијантни појави и слично. Ваква средба, беше договорено, да се организира идниот месец. Ваква средба се реализираше вчера и во општина Тетово, на која се усвоија повеќе конкретни мерки и заклучоци за безбедна учебна година на основците и средношколците.