Проекти и кампањи

Превентивна активност „Летен хепенинг 2015“

На 12.07.2015 година со почеток  во 11,00 часот на плажа во Претор на Преспанското езеро, се  реализира превентивна активност „Летен хепенинг 2015“. Активноста традиционално се спроведува секоја година за време на туристичката сезона во Преспа, а истата е дел од превентивниот проект на ПС од ОН Ресен „Безбедно на нашите плажи“, кој се реализира во партнерство со Локалната самоуправа Ресен, Црвениот Крст и бизнис заедницата.  

Настанот беше проследен со културно- уметничка програма, спортски активности во кои учествуваа и полициски службеници, граѓани и деца од  општина Ресен, показни вежби за заштита и спасување на давеник, фаќање сторител на  кражба на паричник на плажа,  совети за самозаштита од  кражби на плажа, топлотен удар и сл. На посетителите им беа  делени флаери, како и фризби  на кои  се отпечатени одредени совети за заштита на плажа. 

Целта на проектот и самата манифестација е заеднички, во партнерство со низа фактори од локалната заедница да се делува врз безбедноста на граѓаните и туристите кои ги посетуваат плажите во Преспа, со акцент на превенција од кражби на плажа, во возила и во туристичките населби