08 септември 2022

Превентивна активност на ПС Струга


Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ денеска (08.09.2022) полициски службеници од ПС Струга реализираа превентивна активност под мотото – “Слави со срце, не со оружје“, што МВР ја реализира во соработка со УНДП. Така, на подрачјето на Полициска станица Струга, во oпштина Струга, полициските службеници во разговори со граѓаните укажуваа на сите опасности и штетни последици од ова незаконско поведение. Исто така, на гражаните им беа делени едукативни летоци, а се со цел подигање на нивото на свест и почитување на законските регулативи.