08 септември 2022

Превентивни активности на СВР Велес


Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето", на 07.09.2022 Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со ПС за БПС Велес спроведе превентивна активност насочена кон учеството на велосипедистите во сообраќајот.

Полициските службеници им укажуваа на граѓаните за потребата од почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи, со цел поголема безбедност во сообраќајот и правилно управување и вклучување на велосипедот во сообраќајот.

Во рамки на оваа активности беа поделени и летоци со едукативна содржина, како и светлосен приврзок во вид на катадиоптер со цел полесно препрепознавање на велосипедистите во сообраќајот.