06 септември 2022

Да ги заштитиме децата во сообраќајот, превентивна активност на ОВР Македонски брод


Денеска (06.09.) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Македонски брод во периодот од 10,00 до 11,00 часот во детската градинкна “7-ми Септември“ во Македонски брод реализираа превентивна едукација под мотото “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ на која што низ разговор им ги објаснуваа на децата основните сообраќајни правила и значењето на истите по безбедноста во сообраќајот, а беа спроведени активности и со возачите со препораки за дополнителна претпазливост кога се во близина на училишта и градинки.

Исто така и вчера (05.09.) во периодот од 13,00 до 14,00 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, ја реализираа истата превентивна активност "Да ги заштитиме децата во сообраќајот" во основното училиште “Мустафа Кемал Ататурк“ во село Пласница.