Вчера (01.09.) од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Исток и ПС за ГП и ГН Делчево, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Делчево, на подрачјето на оваа полициска станица, во селото Sвегор, потоа и на магистралниот пат А3, с.Sвегор - граничен премин Делчево, како и на граничниот премин “Делчево“, беа реализирани превентивни активности под мотото “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Така, во општинското основно училиште „Ванчо Прке “ во село Sвегор, од страна на полициските службеници и претставник на ОСБСП Делчево, беше одржано едукативно предавање на учениците од прво до петто одделение за безбедно движење и им беа поделени едукативни материјали.
Потоа на локации на магистралниот пат А3 и на Граничниот премин „Делчево“, како дел од оваа превентивна активност, од страна на полициските службеници заедно со претставник на ОСБСП Делчево на возачите на моторни возила им беа делени информативни печатени материјали со едукативна содржина за одговорно и совесно учество во сообраќајот.