31 август 2022

Превентивни активности на ОВР Македонски Брод


Во текот на вчерашниот ден (30.08.) полициски службеници од ОВР Македонски Брод при Секторот за внатрешни работи Битоал, во рамки на оперативниот план на МВР – “Безбедно лето 2022“ одржаа средба со претставниците и жителите од месните заедници во селата Драговдол, Грешница и Слатина.

Средбата беше посветена на превенцијата и заштитата од пожари, при што полициските службеници, тргнувајќи од практичните и стручни искуства во превенцијата од пожари ги информираа жителите на овие места за причините, опасностите, последиците, но и заштитата од пожарите. Особено беше нагласено вниманието од пожари во шумските појаси и на отворен простор, а на граѓаните им беа поделени и печатени информативни материјали.