31 август 2022

„Слави со срце, не со оружје“- превентивни активности во Неготино


Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи – “Безбедно лето 2022“, вчера (30.08.) во Неготино, полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Велес, како и од Полициската станица Неготино, реализираа средба со членовите на Здружението на ловџии “Вардар“ од Неготино, а посветен на превентивната кампања што МВР во соработка со УНДП ја спроведува изминатиов период под мотото “Слави со срце, не со оружје“.

На средбата беше разговарано за меѓусебна соработка, а членовите на здружението беа информирани за сите опасности од употребата на оружјето за време на разните прослави и веселби, при што посебно внимание беше посветено на репресивните мерки предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот закон кои што ја санкционираат употребата на оружјето при веселби и прослави.

На членовите на ловното здружение им беа поделени и летоци со едукативна содржина со цел подигање на свеста за славење без оружје и пиротехнички средства.