Во рамките на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи – “Безбедно лето 2022“, денеска (30.08.) полициски службеници од Полициската станица Кочани реализираа превентивни активностите од кампањата “Слави со срце, не со оружје“, организирана од МВР во соработка со УНДП. На повеќе локации во Кочани полициските службеници разговараа и ги информираа граѓаните за опасностите од употребата на оружјето за време на разните прослави и веселби, и притоа посебно внимание беше посветено на репресивните мерки предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот закон кои што ја санкционираат употребата на оружјето при веселби и прослави.
На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина со цел подигање на свеста за славење без оружје и пиротехнички средства.