Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, Одделението за полиција и Полициската канцеларија Градско, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, вчера (28.08.) во периодот од 16.00 до 20.00 часот, на автопатот А1, поточно кај наплатната рампа Виничани – Градско ја реализираа превентивната активност под мотото “Вози одморен“.
Оваа активност, што претставува дел од оперативниот план на Министерството за внатрешни работи – “Безбедно лето 2022“, имаше за цел да им предочи на патниците, односно учесниците во сообраќајот за опасностите од долготрајното возење особено при летните временски услови кога фрекфенцијата во сообраќајот, особено по овој автопат е исклучително голема, и за потребата за одмор на возачите заради нивна лична безбедност, но и безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Истовремено, преку делењето на едукативно-информативен печатен материјал на возачите им беше препорачано и стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно од страна на полициските службеници им беа делени и шишиња со вода.