28 август 2022
Превентивна активност на РЦ за ГР Југ на Граничен премин „Богородица“
На 28.08.2022 во времето од 08.00 до 10.00 часот од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ на Граничен премин „Богородица“ во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“ спроведена е превентивна активност за заштита од пожари и заштита од топлото време.
Во рамки на активноста патниците на граничниот премин беа запознаени со причините и последиците од настанување на пожари на отворен простор, заштита од пожари и навремено информирање при забележување пожар на бесплатните телефонски броеви (112, 192 и 193).
За време на превентивните активности на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.