25 август 2022

Превентивни активности на СВР Охрид


Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето", на 24.08.2022 полициски службеници од СВР Охрид спроведоа повеќе превентивни активности.

Во автокамп „Градиште“ и паркинг местото на плажа „Оревче“ беше спроведена превентивна активност „Заштити се од кражби на возила“ и притоа беше разговарано со граѓаните и им беа поделени совети како сами да се заштитат од потенцијалните кражби на возило.
Исто така, на бул.„Туристичка“ беше разговарано за тоа како граѓаните да се заштитат од кражби и тешки кражби во куќи и станови.

Во рамки на сите активности беа поделени и летоци со едукативна содржина.