22 август 2022

Превентивна активност на РЦ за ГР Исток


На 21.08.2022 полициски службеници од РЦ за ГР Исток и ПС за ГП и ГН Делчево , на подрачјето на ПС за ГП и ГН Делчево во с. Панчарево - општина Пехчево во склоп на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“ спроведоа превентивна активност- средба со граѓани на тема „Сезона без пожари 2022 „Делумна забрана за движење во шума“ и Превенција од ширење на африканската чума кај свињите . Активноста е спроведена во соработка со претставници од ЈПСШ „Равна река “ Пехчево .

Присутните беа запознаени со причините и последиците од настанување на пожари на отворен простор, навременото информирање при забележување пожар на бесплатните телефонски броеви (112, 192 и 193), беа информирани за делумната забрана за движење во шума и за постапката за вадење на дозволи за движење во шума и исто така беа запознаени со ширењето на африканската чума кај свињите во општините во источниот дел од државата и препораки за заштита. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.