22 август 2022

Превентивна активност на СВР Штип во рамки на планот „Безбедно лето 2022“


Во рамките на оперативниот план на МВР „Безбедно лето-2022“, на 21.08.2022 Отсекот за превенција во содејство со полициски службеници од Шумска полиција-Штип и претставник од Шумско стопанство – „Серта“ Штип, спроведе превентивно едукативна активност на подрачјето на Општина Штип во селата: Драгоево, Селце, Долани, Љуботен, Лакавица, Лесковица и Горачино.

За време на активноста на жителите им беа поделени летоци со едукативна содржина за заштита од кражби и тешки кражби и летоци со едукативна содржина за заштита на шумите од пожари, како и преку непосредни разговори со граѓаните им беа давани совети како да се заштитат од кражби, разбојништва и доколку забележат лица непознати или сомнителни веднаш да ја известат Полицијата.