21 август 2022

Превентивна активност на СВР Куманово


Во рамки на оперативен план "Безбедно лето 2022"СВР Куманово Отсек за превенција во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво ,Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото клуб "Мечки" организираше сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои при претходно извршени контроли не носеле заштитна опрема-кацига.Сообраќајната поука ја спроведоа членови на мото клуб "Мечки" и заедно со полициските службеници направија едукативна презентација со цел потсетување на правила и прописи од областа на сообраќајот.

За долгогодишна соработка и несебичната посветеност во сите активности и манифестации за подигање на свеста кај возачите на мото клуб "Мечки" им беше доделена благодарница за придонес за зголемување на безбедноста во сообраќајот.