Отсекот за превенција при СВР Велес и полициската станица од општа надлежност при СВР Велес во текот на денешниот ден (19.08.2022) спроведоа заедничка превентивна активност под мотото „Полицијата и граѓаните заедно“. Притоа, беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки за граѓаните за превенција од кражби, особено на Градскиот пазар во Велес. Исто така, превентивна акција беше спроведена и од полициски службеници од Полициска станица Кавадарци со цел заштита и превенција од кражби, а беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Денеска на граничниот премин Меџитлија, и Регионалниот центар за гранични работи Југ спроведе превентивна акција „Вози одморен“. Со оглед на фактот што заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди, особено во летната сезона кога почесто се патува, на затекнатите возачи им беа поделени летоци со едукативни содржини.