18 август 2022

Превентивна активност на СВР Скопје „Носи кацига, вози одговорно“


Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“, денеска (18.08.2022) беше реализирана превентивна активност – „Носи кацига, вози безбедно“.

Активностите се реализираа на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Карпош, а беа насочени кон возачите на мотори и електрични тротинети. Покрај советите како сите да придонесеме за побезбеден сообраќај, граѓаните добијаа и соодветен материјал со едукативна содржина.