18 август 2022

Превентивни активности на СВР Битола

Денеска, (18.08.2022) Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола низ градското подрачјето на Битола спроведе превентивна активност "Полицијата и граѓаните заедно" и "Бизнисот и Безбедноста" при што беа обавени разговори со населението и сопствениците на бизнис заедницата за заштита од кражби, при што беше поделен едукативен материјал.
Исто така, денеска низ централното подрачје на Крушево спроведена беше превентивна кампања за самозаштита од кражби во куќи и станови. Поделени едукативни летоци.

На 17.08.2022 од страна на полициски службеници од Полициска станица од Македонски Брод во содејство со надворешната канцеларија за криминалистички работи во с.Локвица беше остварена средба со месното население и на истите им беше извршено укажување за заштита и превенција од пожари на отворен простор и шумски пожари.Поделени беа и летоци за заштита од пожари.


На 17.08.2022 во Крушево во рамките на кампањата за "Безбедно лето" беше одржан Локален совет за превенција на Општина Крушево на која присуство зедоа и претставници од СВР Битола - ОВР Крушево каде беа испланирани идни превентивни акивности во насока на заштита и поголема безбедност на населението .