16 август 2022
Превентивна активност со граѓани кои живеат во колективни станбени објекти и во централните градски подрачја на Прилеп по планот за "Безбедно лето 2022"
На 16.08.2022 СВР Битола-Полициска станица Прилеп реализира превентивна активност со граѓани кои живеат во колективни станбени објекти и во централните градски подрачја на Прилеп по планот за "Безбедно лето 2022". На средбата беше разговарано за заштита од провални и разбојнички кражби. На граѓаните, исто така, им беа поделени и летоци со мотото "БЕЗБЕДНА ЗАЕДНИЦА МИРНА ЗАЕДНИЦА".