По планот за „Безбедно лето 2022,“ СВР Куманово преку своите организациски единици реализираше превентивна активност со граѓани кои живеат во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово.
При непосредни средби на граѓаните им беа поделени летоци со практични совети за поголема заштита од кражби и имотни деликти и преку кратки едукативни разговори им беше укажано за последиците од консумирањето алкохол и наркотични средства. Исто така, беше разговарано и беа поделени материјали со едукативна содржина со цел заштита од пожари.