15 август 2022
Превентивна активност на СВР Битола и Полициската станица Македонски Брод
Во рамки на кампањата „Безбедно лето", полициски службеници од ОВР Македонски Брод во с.Косово и с.Брест во содејство со претставници од Шумска полиција и Шумското стопанство спроведоа зајакнати превентивни и оперативни мерки. Во текот ма активностите беше разговарано и со месното население околу ризиците од палење оган на отворен простор и последици од него, при што беа поделени и летоци со едукативна содржина.