13 август 2022

„На пат секогаш тргнувај одморен“ – реализирани превентивни активности на Ќафасан и во Охрид од страна на СВР Охрид и РСБСП

 Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето 2022“. За таа цел, полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан“ и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата,  со акцент на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни температури врз способноста за управување со моторно возило.

Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за безбедно учество во сообраќајот. Кампањата продолжува и на другите подрачја на СВР Охрид.