Под мотото "Полицијата и граѓаните заедно" полициската станица од општа надлежност при СВР Битола во текот на вчерашниот ден (11.08) спроведе превентивна активност со делење на летоци со едукативна содржина и препораки на граѓаните за превенција од кражби низ централното градско подрачје низ Битола.
Исто така, полициски службеници од ПС Ресен спроведоа превентивна акција во Ресен за заштита и превенција од кражби, а беа поделени и летоци со едукативна содржина.