Во рамки на оперативниот план Безбедно лето 2022, Одделението за превенција при СВР Скопје вчера (11.08.) во Полициската канцеларија за превенција при општина Илинден организираше работна средба со претставници на општината и на месните заедници од населбите Илинден, Марино, Кадино и Мралино.
На средбата беше разговарано за поинтензивно вклучување на локалните заедници во спречување, односно превенцијата на одредени негативни појави особено во летниот период, пред се во делот на имотните деликти, безбедноста од пожари, како и по однос на сообраќајната безбедност и јавниот ред и мир.
Целта на активноста е да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, како и со локалната самоуправа, со што би се дал дополнителен придонес кон зголемување на степенот на безбедност, преку намалување на можните нарушувања на јавниот ред и мир особено на местата каде што се забавуваат младите, и да се подигне јавната свест за одговорно однесување на јавни места со доследно почитување на законските прописи. Во наредниот период ваквите превентивни активности ќе продолжат и на подрачјата на останатите ПСОН при СВР Скопје.