На 10.08.2022 полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод и Надворешната канцеларија за криминалистички работи и инспекторите по превенција од Македонски Брод во содејство со шумската полиција во с.Белица, Македонски Брод реализираа превентивна акција со месното население од с.Белица. На жителите на Белица им беше укажано на опасностите и последиците од пожари на отворен простор и шумски пожари, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Исто така, на 10.08.2022 полициски службеници од ОВР - Прилеп во соработка со шумска полиција - Прилеп и ЈП Национални шуми, подружница „Црн Бор“ - Прилеп во рамките на кампањата "Лето без пожари" остварија средби со граѓани и поделија летоци со едукативна содржина.