Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска оддржа работен состанок во просториите на Општина Куманово со претставници од општината како и инспекциски служби на општината, Државен пазарен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Јавно претпријатие „Пазариште“ и Јавно претпријатие „Паркинг“
На средбата беше разговарано за меѓусебна соработка помеѓу институциите со цел ослободување на сообраќајни јавни површини- тротоари од диви продавачи на земјоделски и други производи, како и отстранување на хаварисани и паркирани возила на улици и тротоари кои се во непосредна близина на зелен пазар.
На состанокот беа донесени конкретни мерки кои ќе се реализираат во наредниот период.