05 август 2022

Продолжија превентивните активности на СВР Битола во рамки на „Безбедно лето 2022“

На 04.08.2022, полициски службеници од СВР Битола-Полициско одделение Новаци спроведоа превентивна активност во која беа опфатени повеќе теми и проекти. Во селата Долна Чарлија, Будаково, Трап и Ношпал, беа одржани средби со месното население во врска со проектот „Безбедна заедница - мирна заедница", при што беше укажано за важноста на заштитата на нивните домови и имот од кражби . Исто така, беше разговарано и беа поделени летоци со едукативна содржина по проектот „Да ги чуваме нашите шуми од пожари, ѓубре и несовесно однесување“.


На 04.08.2022, полициски службеници од СВР Битола- Полициска станица Македонски брод во с.Пласница остварија средба со одговорните лица во правните субјекти на која беше разговарано за заштита и превенција од кражби и разбојнички кражби. На одговорните лица им беа поделени и летоци од проектот „Безбедна заедница - мирна заедница".