Денска (04.08.2022), СВР Скопје - Одделение за превенција и РСБСП продолжија со реализација на превентивните активности „Носи кацига“ – Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот, во рамките на оперативен план „ Безбедно лето 2022 “ .
Под мотото „Безбедно лето“ во рамки на кампањата „Носи кацига“, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираа превентивни активности на подрачје на Полициската станица Аеродром. Беа остварени средби со возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети, беа поделени летоци со едукативни содржини, маици како рекламен материјал и ладна вода. Овие активности се со цел запознавање на учесниците во сообраќајот со законската регулатива, зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи.