На 03.08.2022 во периодот од 09.30 до 12.30 часот, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Македонски Брод во рамки на кампањата „Безбедно лето" спроведоа превентивна активност за спречување и откривање на пожари на подрачјето на ОВР Македонски Брод.
За време на активноста беа посетени селата Долно Крушје, Слатина, Грешница и Крапа, каде беше разговарано со месното население околу ризиците од палење оган на отворен простор и последици од истиот. Исто така, на жителите им беа поделени и летоци со едукативна содржина.