Одделението за превенција при СВР Скопје минатата недела во Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Општина Шуто Оризари, учествуваше на трибината во рамки на кампањата за спречување на родово базирано насилство насловена како „Има помош”, а фокусирана на живот без насилство.
Инаку, трибината беше организирана од Фондот за население при ООН, финансиски поддржана од Британска амбасада во Република Северна Македонија, а во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“.
Од страна на претставници на Одделението за превенција беа презентирани активностите што СВР Скопје во континуитет ги реализираат, а се во сферата на превенција на родово базирано насилство, како и за улогата на полицијата за справување со родово базирано насилство и важноста на институционалната соработка за справување со него.