28 јули 2022

Превентивни активности за безбедно лето во ресенско и подрачјето на Македонски Брод

На 27.07.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола-
Полициска станица Ресен во Ресен и селата Јанковец и Златари, ресенско и Полициска станица Македонски Брод во с.Самоков, Горно Зркле, и Долни Манастирец беа преземени превентивни мерки и активности за заштита од пожари во рамките на проектот на МВР "Безбедно лето" при што со месното население беше разговарано околу ризиците од палење оган на отворен простор и можните последици од тоа за што беа поделени и летоци со едукативна содржина.