Одделението за превенција при СВР Скопје и претставници на ЕВР Аеродром и Драчево, во рамки на активностите како дел од превентивната кампања „Безбедно лето“, на 26.07.2022 во салата на Советот на општина Студеничани остварија работен состанок со локалниот совет за превенција во општина Студеничани, советниците, локалните имами и претставници на ресторани во општината.
Активностите се дел од планот за безбедно лето, сѐ со цел вклучување на локалната заедница во превенирање, спречување и поуспешно решавање одредени појави карактеристични посебно во летниот период. На состанокот, присутните од општината дадоа поддршка на активностите на полицијата и се согласија на поконструктивна соработка во сузбивањето на негативните појави, како што се пукањето со огнено оружје, нарушување на јавниот ред и мир и други.
Превентивните активности продолжуваат и во наредниот период.