25 јули 2022

Во Крушево превентивни активности за заштита од кражби


СВР Битола-Полициска станица од општа надлежност Крушево, преку Отсекот за превенција, денеска (25.07.2022) на подрачјето на Крушево спроведе превентивна активност во рамки на кампањата на МВР „Безбедно лето 2022“ и превентивната кампања „Безбедна заедница - мирна заедница“ и „Превенција од кражби“, со цел зголемување на безбедносната култура кај граѓаните и нивната совест за поголема заштита на личните предмети, домовите и моторните возила.


Во рамки на овие активности, полициските службеници на градското подрачје и на пофреквентните места во Крушево, на граѓаните им делеа летоци со практични совети за поголема заштита од кражби и имотни деликти и преку кратки едукативни разговори ги советуваа кои мерки да ги практикуваат и на што треба посебно да внимаваат при купување и при движење на јавни места, но како подобро да ги заштитат своите лични предмети, своите домови и моторни возила на паркинг просторите.