20 јули 2022

Безбедно лето: Превентивна активност на ПС Крушево и СВР Битола

Во рамки на кампањата „Безбедно лето“ на 20.07.2022 во Полициската станица Крушево полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Битола и од ОВР Крушево одржаа средба со сопствениците на угостителски објекти во Крушево.На средбата беше разговарано за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и угостителските објекти и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана за присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност.