Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на превентивните како дел од превентивната кампања ,,Безбедно лето“ зема учество на трибина на тема „Спречување на нарушување на јавниот ред и мир, превенција на имотни деликти и превенција од пожар“, која се одржа на 20.07.2022 година во периодот од 10.00 до 12.30 часот во Советот на општина Бутел.
На трибината активно учество земаа и градоначалниците од општините Шуто Оризари и Бутел, како и раководителот за јавни дејности од општина Чучер Сандево, сопственици на угостителски објекти, претставници од советите и месните заедници од наведените општини.
Активностите се дел од планот за безбедно лето, сѐ со цел вклучување на локалната заедница во превенирање, спречување и поуспешно решавање одредени појави карактеристични посебно во летниот период.
Ваквите активности продолжуваат согласно утврдената динамика на подрачјето Полициската станица Чаир, полициските одделенија Мирковци и Шуто Оризари преку средби на полициските службеници со граѓани од овие општини.