14 јули 2022

СВР Струмица на автопатот „Пријателство“ реализира едукативна кампања „Не летај, летувај“


Вчера (13.07.2022 година) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија на неколку локации на автопатот „Пријателство“ (делница на подрачје на Гевгелија) спроведоа превентивна активност во рамки на едукативната кампања „Не летај, летувај“ која се реализира од страна на Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Активноста е спроведена со делење на флаери со едукативна содржина како на домашните возачи, исто така и на туристи, како и возачи кои транзитираат низ нашата држава, а сѐ со цел подигнување на свеста за безбедно и одговорно патување во текот на летото и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви.