12 јули 2022

Превентивна активност на СВР Битола - „Паркирај совесно - паркирај одговорно”,


Денеска (12.07.2022), полициски службеници од Отсекот за Превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, на неколку локации на подрачјето на Општина Битола спроведоа превентивна активност за погрешно паркирање на возила под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно”, а во рамки на проектот на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето” .

За време на превентивната активност на неправилно паркираните возила беа поставени флаери изработени во соработка со РСБСП со апел и потсетување на правилата за паркирање, како и на законските мерки.