12 јули 2022

Превентивни активности на СВР Тетово во рамки на кампањата „Безбедно лето“


Во рамките на заедничката превентивно-информативно, едукативна кампања „Носи кацига-биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје денеска предпладне (12 јули) полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово и тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на неколку пункови во Тетово делеа наменски изработени флаери.Станува збор за околу 200 вакви флаери на македонски и албански јазик, со пораки и совети до велосипедистите, мотоциклистите и лицата кои управуваат електрични тротинети, како и каде безбедно да се движат, на што посебно да внимаваат во сообраќајот и со укажување -задолжително да носат заштитна кацига, односно шлем.

Целта на кампањата е да се подигне јавната свест и поединечната и заедничка култура кај овие категории учeсници во сообраќајот, дотолку повеќе што не мал број мотоциклисти посебно, но и велосипедисти и возачи на тротинети во Полошкиот регион некористат вакви кациги, со што најнепосредно ја доведуваат во ризик сопствената безбедност. Ова, дотолку повеќе што нивниот број на тетовските и гостиварските улици деновиве значително е зголемен, како и на моторни возила, така што повеќе од неопходна е максимална внимателност, односно претпазливост и целосно почитување на сите сообраќајни знаци, правила и прописи.