Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“ СВР Куманово-Отсек за превенција, во соработка со мотоклубот „Мечки“ организираше сообраќајна поука и делење на летоци со едукативна содржина на учесници во сообраќајот кои при контрола не носоле заштитна опрема-кацига. Сообраќајната поука, по претходно спроведени контроли и констатирани прекршоци од сообраќајната полиција, ја одржаа членови на мотоклубот „Мечки“ и во разговор со учесниците во сообраќајот заедно со полицијата поделија летоци со мотото „Носи кацига, вози одговорно“.
Покрај ова, од страна на мотоклубот „Мечки“ на Отсекот за превенција при СВР Куманово врачена е благодарница за досегашната соработка. Од спроведените активности до пошироката јавност е упатена порака да се подигне нивото на сообраќајната култура на живеење, бидејќи безбедноста зависи од сите нас. Силата и моќта е во почитување на законите, но и да се влијае на останатите да ги почитуваат.