08 јули 2022

Превентивна активност на СВР Битола - „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“

 

На 07.07.2022 во рамки на проектот на Министерството за внатрешни работи - „Безбедно лето“, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Прилеп беше спроведена превентивна кампања за возачите на мотоцикли „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“. Оваа активност има за цел подигање на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин и намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура.
Како резултат на активностите, изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот. Податоците од првата половина на 2022 година на територијата на СВР Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.
Оваа кампања е спроведена со цел да се влијае на свеста на возачите и на тој начин самите да си ја зголемат безбедноста. Ова особено важи за возачите на мотоцикли, но и за возачите на електрични тротинети, кои секој ден стануваат побројни. Носењето кацига може да ви го спаси животот!
Превентивните активности продолжуваат и во наредниот период.