08 јули 2022

„Безбедно лето 2022" - активности на СВР Битола-ОВР Прилеп


Денеска 07.07.2022 во Општина Кривогаштани во рамките на проектот Безбедно лето претставници од ОВР Прилеп присуствуваа на седница на Советот за превенција на кој присуствуваа и претставници на општината и Советот на општината, претставници на комуналното претпријатие како и директорите на општинските училишта.

На состанокот се разговараше за безбедносната состојба на подрачјето, за преземање на активности за зачувување на безбедносната состојба, одржување на јавниот ред и мир, заштита од пожари,превземање мерки за намалување на кривичните дела итн.