06 јули 2022

Безбедно лето 2022 – СВР Битола на средба со сопственици на фирми кои вршат јавен превоз


На 05.07.2022 во периодот од 12.00 до 14.00 часот, согласно планот за мерките и активностите во рамки на проектот „Безбедно лето 2022", во просториите на СВР Битола беше одржан работен состанок со сопствениците на фирми кои вршат јавен превоз на подрачјето на Битола. На средбата тие беа информирани дека ќе продолжат контролите во сообраќајот, меѓу кои и оние насочени на контрола на техничката исправност на возилата кои учествуваат во јавниот превоз, на управување возила под дејство на алкохол, брзина...

СВР Битола во наредниот период ќе продолжи со активностите во рамки на проектот „Безбедно лето“.