08 јуни 2022

Сообраќајна практична настава со педесетина првооделенци од гостиварското Основно училиште "Исмаил Ќемали"

На иницијатива и во организација на СВР Тетово денеска (8 јуни) претпладне во Гостивар беше организирана сообраќајна практична настава со педесетина првооделенци од гостиварското Основно училиште "Исмаил Ќемали", чии носителии беа Отсекот за превенција и Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Учениците и полициските службеници заедно пеш се движеа по улиците "Гоце Делчев" и "Браќа Ѓиновски" и притоа имаа можност непосредно да видат што е пешачки премин, како и каде најбезбедно се преминува улица, како да се однесуваат на крстосници и каде да се движат по улици на кои нема обликувани тротоари. Целта на денешната активност е подигнување на сообраќајната свест и култура на најмладите ученици, безбедно да се движст кон и од училиште до нивните домови. Ваква активност деновиве беше спроведена и со стотина ученици од Основното училиште "Лирија" во Тетово.