На 13.05.2022 полициски службеници од Одделение за превенција при СВР Скопје, а во рамки на проектот „За безбеден град" во СУГС „Владо Тасевски" - ПТТ ја реализираа работилницата на тема „Драги матуранти, другарувајте, танцувајте и безбедно прославувајте!". Во пресрет на претстојните матурски прослави, на матурантите од ова средно училиште им беа предочени најчеститте ризици и беа споделени совети за безбедно прославување на матурските вечери.